Данило Коцевски: Само храбро, Скопје
Денес Скопје, како и Македонија и целиот свет е под тешка закана на пандемијата од коронавирусот. Но, Скопје издржало многу нешта во својата историја, ќе ја надмине и оваа закана. Повторно ќе биде победник. Затоа и гласно извикуваме: Само храбро, Скопје, сето ова ќе го пребродиме, зарем некој воопшто може да ни се заканува нам и на нашата љубов кон тебе?