Почнати се обуките за медицинскиот персонал од штипска Физикална терапија за третман на повредените во кочанската дискотека
Лекар специјалист физијатар, двајца физиотерапевти и две медицински сестри од штипското Физикално одделение се на обука за третман на пациентите кои се повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев.