Општина Охрид аплицира со 16 проекти на објавениот втор Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа.

Како што соопшти градоначалникот Кирил Пецаков, подготвени се и аплицирани се проектите за изградба на катна гаража, локален пат Дебелополе од село Горно Лакочереј до село Лескоец, потоа за реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ со осветлување, проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од ул. „Партизанска“, реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември“ со осветлување, дел од улиците „Кленоец“ и „Петрино“.

Исто така алицирано е и за проект за употреба и одржување на урбан простор на Холандскиот парк, објект за фекална и атмосферска канализација во населбата Влашка Mаала, патот до автокампот Љубаништа, реконструкција на дел од улиците ул.„Петрино“ во село Лескоец, патот што ги поврзува селата Лескоец и Велгошти, реконструкција на сервиски улици во населба „Бараки“.

На Јавниот повик уште е аплицирано и со проекти за мониторинг и управување на водоснабдителен систем и изработка на ГИС податоци, за –SKADA, за примарна фекална канализација во село Долно Лакочереј и Охрид 4 до приклучна шахта Алтанин мост, за локален пат до село Завој и реконтрукција на улица во селото Долно Лакочереј (крак 2).

„Обезбедувањето на подобри услови за живеење во сите урбани и рурални средини е наш приоритет и затоа продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните’, посочи градоначалникот Пецаков.

Инаку, вкупната вредност на проектите е 469.650.078 денари од кои 425.592.114 денари ќе бидат обезбедени од средствата на Јавниот повик, а 44.057.964 денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Охрид