Ќе се градат луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица
Во Македонија ќе се градат три нови луксузни ски – центри по сите светски стандарди и тоа на Јабланица, кај Струга и Вевчани, на Бушова планина, кај Крушево и Македонски Брод и на Караџица, кај Сопиште и Студеничани, информираше денеска на прес – конференција в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, заедно со Даниеле Костантини, консултант, експерт од Италија