Потпишан меморандум за соработка меѓу штипскиот и вараждинскиот театар
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков денеска потпиша меморандум со хрватскиот театар од Вараждин, со којшто двете институции ќе можат да соработуваат, но и да имаат гостувања со претстави, изложби, концерти.