Времето наутро студено, во текот на денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во посета на Општина Штип денеска беше амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.
Уметничка Галерија Тетово повторно распишува конкурс за изработка на скулптура висока 250 сантиметри од рециклиран материјал, со оглед дека на првиот се пријавил само еден автор. Првиот конкурс беше од 3 до 17 септември, а беше побарано да се направи скулптура со рециклирани материјали која ќе биде поставена во една од просториите на Тетово.
НУЦК „Трајко Прокопиев“ и годинава го организира меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, кој ќе почне на 27 септември, соопштија надлежните од установата на денешната прес-конференција.
НУ Музеј ги повика кумановци бесплатно да ги посетат музејската поставка и опсерваторијата Кокино, информираа денеска надлежните од установата. Преку едукација, предавања НУ Музеј ќе ги одбележи Европските денови на културното наследство.
На Осломејско Езеро од денеска до недела, во траење од 75 часа, ќе се одржи Вториот крапски риболвен маратон, со учество на 15 екипи од земјава и странство
Во изминатиот период од годинава во матичната книга на венчани во Дебар запишани се повеќе бракови, споредено со истиот период минатата година
До официјалниот почеток на грејната сезона на 15 октомври ќе бидат испорачани сите количини платено огревно дрво до граѓаните, информираат од ЈП „Македонски шуми“, Подружница Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица
Полицијата во Тетово почна со посебно регулирање на сообраќајот пред болницата со оглед дека се изведуваат реконструкции на две пристапни улици
Следните денови времето ќе биде сончево, со значително повисоки дневни температури. Како што соопшти УХМР, утре ќе биде до 28, а за време на викендот до 32 степена