Филтер станицата во Штип спој на словенечка технологија и јапонска иновативност
Капитален проект, спој на висока технологија од Словенија и иновативност од Јапонија. Вака денеска државниот врв ја нарече пречистителната станица која треба да обезбеди чиста, здрава и квалитетна вода за пиење за преку 100.000 домаќинства во општините Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.