Четириесет години игра и песна со КУД 7-ми Септември, јубилеен концерт утре во Македонски Брод
По повод 40 години од формирањето на КУД 7-ми Септември од Македонски Брод, утре ќе има организирано концерт на игри и песни, ќе биде отворена изложба на фотографии, а ќе се презентира и традиционалниот обичај „Каленчица“. Пред почетокот на јубилејниот концерт, за историјатот на друштвото ќе говорат директорката на Домот на културата, Милена Стојческа и градоначалникот Живко Сиљаноски.