Утре попладне и во сабота пороен дожд, грмежи и ветер
Синоптичарите за утре попладне, особено во јужните делови, најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер над 60 км/час и услови за појава на град.