Количествата врнежи во јули 2021 многу под просечните
УХМР соопшти дека количествата врнежи во јули 2021 биле многу под просечните. Најмногу врнежи имало во Лазарополе 83,9 милиметри, а најмалку во Струмица 0,4. Во Маврово се измерени 76,7 милиметри, во Охрид 44,2, во Битола 53,4, во Прилеп 37,8, во Крива Паланка 34,6, во Скопје 31,4, во Берово 3,3, во Штип 2,6, а во Гевгелија 1,1 милиметар