Милевски: Еднакви услови за сите деца, по 60 години го реновиравме училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани
Тринаесет деца од оваа учебна година ќе можат да ја следат наставата во нови училишни клупи, со нов прибор, во нови простории комплетно реновирани, саниран покрив, како и нови тоалети со воспоставување нов водовод и канализација, но и пристапни патеки, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на реконструираното училиште „Пецо Даскалот“ во село Заполжани во општина Долнени