„Белички средби“ викендов во Кичевско
Претстојниот викенд, по јубилејниот 10-ти пат во Кичевско ќе се одржат традиционалните „Белички средби“, на кои дводневната програма ќе биде збогатена со изложби, поетски читања, настап на музички оркестри и фолклорни друштва. Ќе биде осветен и крстот, поставен на локалитетот Цветин Гроб.