Со ликовна изложба продолжуваат културните настани во Пехчево
Во Пехчево е отворена ликовната изложба „Квадратна божественост” од авторката Валентина Илијевска од Куманово. Настанот е во организација на Домот на култура ,„Јане Сандански” од Пехчево, во чии простории, по неколкумесечна пауза поради пандемијата, се организираше културен настан наменет за љубителите на ликовната уметност.