Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште
Според усните преданија, пред повеќе од еден век, Мустафа Кемал Ататурк, пред Младотурската револуција, како млад офицер, преживеал во засолниште во Кавадаречко, кое му го обезбедил Атанас Ајзовски од селото Дабниште, за што подоцна од таткото на Турција Ататурк, добил подароци, меѓу кои и пушка „винчестер“