Пополнет капацитетот на инфективното одделение во Велешката општа болница, новите пациенти ќе се примаат на интерното одделение
Во Инфективното одделение, кое е одвоена зграда на велешката Општа Болница, моментално се хоспитализирани 52 пациенти, со што речиси целосно е потполнет проширениот капацитет на ова одделение, каде има 54 кревети, а претходно имаше 35.