Со 53 нови случаи со коронавирус, Прилеп бележи ден со највисока бројка од почетокот на пандемијата
Од Центарот за јавно здравје информираат дека покрај 53-те нови случаи на коронавирус, 15 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи сега е 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.