Отпадни и отровни води ја загадуваат почвата и водата во тетовско Јегуновце, пречистителна станица не работи
Отпадни води во зелена и жолта боја од индустриски отпад, за кои се смета дека содржат канцероген шестовалентен хром има деновиве во близина на тетовско Јегуновце, а значаен дел од ваквиот исцедок се влева во реката Вардар, аларамираат еколошките активисти на социјалните мрежи.