Истокот и североистокот најблиску до современа фабрика за отпад
Расфрлано ѓубре на сите страни, глува тишина, која само ветерот и камионите и тракторите на штипското комунално претпријатие „Исар“ можат да ја нарушат. Вака изгледа депонијата Трештена скала, на којашто се депонира целиот смет од Општина Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев за МИА вели дека проблемите се исти како и во останатите градови, летно време собирачи на железо, пластика знаат да ја потпалат