Над 1200 тестови се направени во Дебар од почетокот на пандемијата
Во општина Дебар, која беше прво жариште на Ковид-19 во земјава, заедно со соседната општина Центар Жупа, од крајот на февруари до сега се направени повеќе од 1200 тестови на сомнителни случаи, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља.