Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје
Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска во 16 часот и 44 минути телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.