Отворен ден на воената вежба „Одлучен удар“ во Битола
Пред Домот на културата во Битола, како дел од планираните активности на воената вежба „Одлучен удар“, денеска ќе се реализира отворен ден за граѓаните, на кој ќе се прикажат дел од средствата, опремата и вежбовните активности кои се изведуваат на оваа најголема воена вежба досега организирана во Република Македонија