Информативен центар за посетители на природниот споменик Куклица
Во рамки на проектот за заштита и промоција на природниот споменик Куклица, отворен е Информативниот центар за посетители кој денеска ќе го посетат евроамбасадорот Самуел Жбогар, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сакахјан и градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев.