Штипско културно лето ќе го отвори оперскиот ансамбал од Осијек
Најстарата штипска културна манифестација Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе ја отвори оперскиот анасамбал од Осијек, Република Хрватска. Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов, кој ја презентираше прогарамата на 34-то по ред ШКЛ вели дека годинава на програмата ќе имаат 17 содржини, а манифестацијата ќе се одржи од 29 јуни до 30 јули.