Осум нови апарати доби Физикалната терапија „Кежовица“ при Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за современа апаратура, со цел подобри и поквалитетни услуги да добијат пациентите, кои ја посетуваат единствената Физикална терапија во источниот регион
Кризниот штаб на Општина Виница денеска ја одржа втората вонредна седница на која присуствуваа претставници од институциите што се задолжени да реагираат во случај на елементарни непогоди
Договор за финансиска поддршка за реконструкција и подобрување на енергетската ефикасност на објектите за живот на 20 корисниците на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“ денеска во Скопје потпишаа фондацијата „Saint-Gobain“ и Хабитат Македонија
Три штипски локални институции ќе штедат електрична енергија со помош на фотоволтаици. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека веќе се инсталирани фотоволтаици на зградите на Противпожарниот дом, филтер станицата и на Општинското основно училиште „Ванчо Прќе"
Здружение на семејни винарии е формирано во Тиквешко. На основачкото собрание, беа присутни триесеттина претставници на фамилијарни винарници, а интерес има и кај други најмалку десетина
Полициски екипи на СВР Велес, вчера извршиле контрола на возачи кои претекнуваат непрописно и не држат страна на движење, при што биле регистрирани 12 возачи кои направиле таков прекршок, од кои, во Велес девет и во Кавадарци три возачи.
По бранот врнежи што ја зафати земјава од понеделникот, хидролошката состојба се подобрува. Над или во рамки на просекот се нивоата на повеќето реки кои досега или беа преполовени или тројно, па и пет до десет пати намалени.
Бранот врнежи што ја зафати земјава е добредојден за земјоделството зашто го надополни недостигот на влага во почвата, но „удри“ по пчеларството. Го оневозможи развојот на пчелните семејства кој е најинтезовен сега, сведувајќи го на минимум излегувањето на пчелите од пчелните сандаци и собирањето нектар.
Најмногу, вкупно 36 литри на метар квадратен, наврнале изминатите 24 часа во Ѓуриште, а најмалку, два литра, во Дојран.
Режимот на сообраќај на регионалниот пат од Ново Село до границата со Бугарија ќе биде променет од денеска поради градежни активности, соопшти Автомотосојузот на Македонија.