Младиот планинар од Неготино со четири нови врвови на агендата за следниот месец
Искачување на четири планински врвови од кои два во земјава и по еден во Косово и Црна Гора, е зацртано во агендата на 11-годишниот планинар Ване Бошев од Неготино, кој планинари од неполни три години и досега има искачено повеќе планински врвови во државава и странство, а има освоено и бројни признанија за млад и надежен планинар