Здружението „Вина од Македонија“ на конференција за вино во Стразбур
Здружението „Вина од Македонија“ се претстави како успешен пример на асоцијација од Југоисточна Европа на Конференцијата за вино во Стразбур, а нејзини претставници пред Комисијата за земјоделство на Европскиот парламент ги презентираа состојбите и плановите за унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна интеграција во глобалната и европската економија.