Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, потоа територијата на градот Охрид, како и тековите на реките Грашница и Коселска Река.
Ученичките Ива Пешевска и Мила Смилевска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ освоија две трети награди на Европската олимпијада по англиски јазик „Hippo English Language Olympiad“ коешто се одржа од 21 до 23 мај годинава во Лидо ди Јесоло.
Учениците интезивно работат со нивните професори, со цел да ги подобрат знаењата и да постигнат подобри резултати. Вториот дел од полагањето ќе биде наредната недела, на 8 јуни, вели Санева.
Традицоналното 42. мајско искачување до Титов врв на Шар Планина во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово беше прекинато вчера поради лошите временски услови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе биде од 10 до 27 степени
Македонската заедница во САД, по потекло од областа Мала Преспа, Албанија, за време на вкендот, во Њу Џерси ја организираа првата преспанска средба.
Според законските процедури до утре до 14 часот би требало да ги добиеме резултатите од трите последователни анализи од мострите земени од десет локации низ градот, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.
Како што соопштија од УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.
Во ек е расадувањето на тутунот, а надлежните од државниот земјоделски инспекторат велат дека годинава е добра за производството на оваа стратешка култура.