РСБСП: Жените се рамноправни учесници во сообраќајот и пред сѐ безбедни возачи!
И покрај тоа што жените денес се рамноправни во сите сегменти на општественото живеење, сепак борбата за економска, социјална и општествена рамноправност е континуирана и непрекината. За жал, еден од стереотипите што сѐ уште е присутен, е дека жените се лоши и небезбедни возачи.