Штип го решава проблемот со бездомните кучиња
Општина Штип го потпиша договорот со Ветеринарната станица во Штип, што во наредните три месеци ќе работи во стационарот за бездомни животни лоциран во месноста „Новакова чешма“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека склучен е договор на итна и неодложна работа со Ветеринарна станица-Штип, бидејќи имаат допис од Центарот за јавно здравје, во кои им укажуваат дека поради тоа што не се третираат кучињата скитници се појавуваат и болести.