Форум за рурален развој во Кочани
Како дел од процесот на спроведување на кампања за воспоставување на заштитено подрачје на Осогово, денеска, во фоајето на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи Форум за рурален развој, чија цел е запознавање на локалното население со процесот за прогласување на Осогово како заштитено подрачје, како и придобивките и обврските што ги носи заштитеното подрачје во однос на земјоделството и шумарството.