Боларис: Во Дојран нова средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за учебниците
– На следната средба на комисиите, двете земји ќе се фокусираме на испитување на учебниците за основно образование во Северна Македонија. Конкретно ќе се испитаат учебниците по историја и географија. Посебен акцент ќе биде ставен на илустративните елементи, како што се сликите и мапите кои имаат иредентистички и ревизионистички елементи, објаснува заменик шефот на грчката дипломатија.