Добра година за пчеларите од Пијанец
Пчеларите од Пијанец имаа добра година кога е во прашање квалитетот на медот од ова подрачје. Еден од пчеларите кои потврдија дека годината била добра е Славе Никовски од делчевското село Истевник, кој е меѓу првите пчелари во општината. Никовски се занимава со одгледување на над 200 пчелни семејства. Годинава, вели, била добра и за пчелите и за приносите на мед.