Кај пет лица во Струмица потврден вирус на свински грип
Кај пет лица од Струмица е потврдено присуство на вирусна инфлуенца од типот АХ1Н1, познат како „свински грип“, по земените примероци од брисови по случаен избор, информира началничката на Инфективното одделение при струмичката болница, д-р Лилјана Манинска.