Македонија доби прво координативно тело на карневалските градови
Македонија, и официјално, денеска го доби координативното тело за карневалските градови. На иницијатива на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, претставници на карневалските македонски градови Струмица, Кавадарци и Прилеп го избраа координативното тело и првата асоцијација на карневалски градови „ФЕЕК Македонија“ која ќе го претставува карневалскиот живот на Македонија во Европа и во светот.