Седуммина жители на Моштица неколку години чекаат за приклучок на струја
Седуммина жители на село Моштица, кај местото викано Божаница, шест години не можат да дојдат до приклучок за струја. Најмногу погоден од проблемот е Јанче Андоновски, кој како што вели вложил 30 илјади евра во изградба на објект, а веќе шест години никако да се најде начин да му се уважи барањето за приклучување на неговиот објект на електричната мрежа.