Најмногу снег на Попова Шапка и Маврови Анови
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 96 сантиметри во Попова Шапка, 65 сантиметри во Маврови Анови, 43 во Крушево и Лазарополе, 33 во Пожаране, 15 во Тетово, 12 во Ѓуриште, четири во Скопје-Петровец, два во Тополчани и еден сантиметар во Претор.