Појава на мали одрони на патиштата кон малешевско-пијанечкиот регион
Интензивни врнежи од снег има во малешевско-пијанечкиот регион и на Пониква, единствениот ски центар во источна Македонија. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев за МИА вели дека екипите веќе се на терен и го расчистуваат снегот од коловозите во Берово, Пехчево, кон граничниот премин кај Делчево. На терен се пет возила, а кон Пониква има и снегочистач.