Крушево го одбележува 38. роденден на Тоше, фановите од земјава и странство веќе пристигнаа
Крушево денеска го одбележува 38. роденден на Тоше Проески, на својот сограѓанин, на македонската и балканска музичка ѕвезда, на човекот со огромно срце за помош на секого. Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење.