Струмичани лани најмногу реагирале на уличното осветлување
Лани во „Систем 48“ граѓаните пријавиле 1.428 комунални проблеми, од кои се решени и одговорени 1.203, а останатите 225 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираат од општина Струмица.