Пехчево се подготвува за поетско-сатирична вечер
Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево ги прави последните подготовки за промоција на книгата „Трагачи по парадокси” од делчевскиот афористичар Миле Ѓорѓијоски. Како што информира директорката на Домот, Ана Марија Теохарова, на настанот ќе бидат претставени карикатурата, афоризмот и поезијата.