Студено утро, во Битола измерени -18 степени
Со измерени минус 18 степени најстудено утрово беше во Битола. Под нулата се измерени и во Скопје-Петровец, Лазарополе, Тетово и Берово, -11 Прилеп, -10 Струмица, минус девет Демир Капија, минус осум Штип и Куманово, минус седум Скопје-Зајчев Рид, минус шест Крива Паланка, Охрид и Претор, минус три Гевгелија и нула во Дојран.