Снег со послаб интензитет на дел од патиштата
Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.