Градинката ,,Бамби” од Македонска Каменица воведува превентивни мерки за заштита од морбили
Како резултат на актуелната состојба со појавата на морбили во детските градинки во државата, Јавната општинска установа детска градинка „Бамби“ од Македонска Каменица донесе указ со што се забранува прием на децата кои не се вакцинирани од морбили, рубеола и паротит (МРП), пренесува МИА.