Поради снегот во велешката болница се јавиле 16 пациенти со скршеници
Поради пад од лизгање на снег, неделава, во велешката болница со фрактури се јавиле 16 пациенти. Портпаролот на велешката ЈЗУ Општа болница Марина Андова, за МИА информираше дека повредените, главно повозрасни, биле со фрактури на екстремитетите, а некои и со повреди на колкот.