Во Гевгелија заврши обновениот новогодишен турнир во мал фудбал
Новогодишниот турнир во мал фудбал ,,Есперо“, што по повеќе од десет година беше обновен во Гевгелија по иницијатива на организаторот ФК „Кожуф“ и под покровителство на Општина Гевгелија, заврши со триумф на екипата ,,Пајдаков-Бекарт“ од Гевгелија која во финалето ја совлада екипата на ,,Казино Фламинго“ со убедливи 5:1.