Општина Охрид подготвено ги дочека врнежите од снег
Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Охрид, во услови на снег.