Уникатните ножеви од таванската работилница на Гавриловски во Гостивар
На таванот од семејната куќа во центарот на Гостивар се наоѓа царството во кое Дане Гавриловски е цар и слуга, мајстор и чирак. Во овој простор се создаваат уникатни ножеви кои стануваат дел од колекциите на љубителите на сечивата. Неговите ножеви се за практична употреба, камперски, ловечки, кујнски. За него ножот е алатка за сечење, а не оружје.