Здравствениот дом во Делчево нема анестезиолог, родилките не ризикуваат, раѓаат во други центри
Се помалку новороденчиња се раѓаат во родилното одделение при Здравствениот дом во Делчево. Иако домот ги има сите потребни услови за пораѓање, како што вели директорката на установата Марија Глигоровска, поради недостигот од анестезиолог, родилките не ризикуваат и најголем дел од нив се породиле во медицинските центри во Кочани, Штип и Скопје.