Бугарите и денеска најбројни на градскиот пазар во Делчево
Бугарските државјани и денеска беа меѓу најбројните посетители на градскиот пазар во Делчево каде ги полнеа кошниците со квалитетни раноградинарски култури и овошје. Анкетираните велат дека овде најмногу доаѓаат токму поради квалитетните производи, а освен раноградинарски култури купуваат и месо, ориз, сирење, неретко и гардероба.