Внимателно и со зимска опрема да се вози на патиштата во источна и југоисточна Македонија
Причините за сообраќајните несреќи синоќа на патните правци во источниот регион се неприспособената брзина на возилата, несоодветната зимска опрема, како и ниските температури, кои не дозволиле снегот да се растопи, смета раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“, Кире Коцев.